Крадец приведен и спроведен во затвор

0
77

Полициски службеници привеле лице од тетовско Нераште за кражба во продажен објект во Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работ

Вчера околу 10:30 часот во тетовско Нераште, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 45-годишниот Ш.Ш. од ова село, поради постоење основано сомнение дека претходниот ден од продажен објект во Тетово одзел пари и производи. Ш.Ш. бил приведен и задржан во Полициската станица Тетово, по што е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје“, соопштија од МВР.