Милевски лут на владиката Агатангел: Срам и штетник сте за црквата!

0
65

Првиот човек на локална самоуправа, Горан Милевски денеска присуствуваше на манифестацијата во градот Кавадарци по повод одбележување на големиот христијански празник Св.Трифун.

Притоа, тој упати низа критики кон владиката Агатангел, обвинувајќи го поради, како што рече, партиска прослава на ВМРО-ДПМНЕ.

„Жалам што оваа манифестација се претвори во партиска прослава на ВМРО-ДПМНЕ и што се сведе на еден вулгарен настап. Владиката Агатангел го навреди голем дел од македонското население и ја извалка мантијата под која што е. Господинот Агатангел, ако може да се нарече господин, е срам и штетник за црквата“, истакна Милевски.