Наместо одговор не избркаа надвор! Клиничката болница во Тетово без лифт и мамографија

0
19

Како што се гледа од самите снимки лифтовите на клиничката болница во Тетово на одделот за хирургија се надвор од функција а во оваа зграда на 3 и 4 кат е гинекологија, што значи дека и трудниците и родилките ќе треба да се качуваат пеш. Состојбата е иста и во одделот за интерни болести и педијатрија па родителите мораат да ги носат децата в раце.

Откако директорот Амир Елези ни рече дека нема време да ни даде изјава, додека ги анкетиравме граѓаните обезбедувањето не избрка надвор со образложение дека таква наредба добил од директорот.

Во текот на денот до Управата на болницата испративме неколку прашања, зошто не работат двата лифта за пациенти, апаратот за мамографија и други прашања, наместо одговор, обезбедувањето не избрка надвор со образложение дека не смееме да снимаме внатре во болницата.

Поради немањето мамографија, пациентите од Тетово овој преглед мораат да го вршат во другите градови.

Преземено од тв 21