Настрадаа уште двајца пешаци, биле прегазени од возила

0
19

Во изминатото деноноќие настрадаа уште двајца пешаци на македонските улици.

На 07.02.2022 во 15.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Тошо Арсов“ во Штип, товарно возило „цитроен берлинго“, со штипски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(60) од Штип, удрило во пешакот П.М.(78) од Штип.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

 

Во друг случај, во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во 17.30 часот на улица „Иво Лола Рибар“ во Гевгелија, патничко возило „санг јонг корандо“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(70), удрило во пешакот С.К.(53), двајцата од Гевгелија.

Во несреќата С.К. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Гевгелија