Несреќа во Струмичко: Малолетник починал по пад од четирицикл

0
35

Малолетник од Струмица синоќа на локален пат с.Иловица – с.Турново, Струмичко починал по пад од четирицикл, информираат од МВР.

Од таму велат дека малолетникот околу 22.00 часот возејќи го четирициклот изгубил контрола, при што еден од двајцата сопатници паднал на коловозот.

Тој бил пренесен во Медицински центар Струмица, каде што била констатирана смрт.

Увид на местото на несреќата извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.