Од Русија пристигна фотографија со порака која ги крши најтврдите срца

0
30

Во тек е третиот ден од руската инвазија на Украина.

Војниците на Путин завчера рано наутро нападнаа меѓународно призната земја од сите фронтови, предизвикувајќи паника во светот.

 

 

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, лично ја иницираше оваа агресија, која го стави на столбот на срамот на целиот Запад, но и на голем број граѓани на државата што ја претставува.

Во Москва, во Сант Петесбург и другите поголеми руски градови деновиве се одржаа протести против руската инвазија, а насобраните му порачаа на својот претседател што поскоро да ја прекине оваа инвазија.

Еден од насобраните граѓани носеше транспарент со порака „Јас сум Русин, извини за тоа“, кој испрати силна порака за актуелните случувања во оваа земја.

Фотографијата за кратко време стана вирална, што не е ни чудо со оглед на тоа што носи навистина силна порака во врска со украинската криза.