Пале на слобода стравува за својот живот, колега на убиениот полицаец ѝ се заканува

0
20

Димитар Петрулев, адвокат на велешанката Павлина Иловска која  беше ослободена од кривична одговорност за убство, во изјава за медиумите посочи дека таа се плаши за својот живот. Заканите таа ги добивала од полицаец од Велес, колега на нејзиниот партнер кого со нож го усмрти борејќи се за својот живот.

„Со оглед на фактот дека беше во куќен притвор, не е пријавено во полиција, само усно. Сметам дека се плаши својот живот”, посочи адвокатот.

Тој изјави дека е задоволен од судската одлука, со која Пале беше ослободена бидејќи, како што посочи судијката Габриела Гајдова, делото го сторила во нужна одбрана, а се обидела и да му помогне на нејзиниот партнер.

„Врз основа на сите докази, донесена е законска одлука”, додаде адвокатот.

Прашан како гледа на тоа дека ослободителната пресуда ќе биде обжалена, тој одговори дека тоа е право на Обвинителството.