Патарини: Една година Тетово – Скопје чини колку 10 години во Бугарија!

0
25

Еден твит што се појави деновиве повторно разгори дебата за една од вечните теми во јавноста – како се наплатуваат патарините. Според објавата што ја споделија стотици на социјалните мрежи, ако жител на Велес работи во Скопје и патува со автомобил, само за патарини годишно би дал над 58.000 денари, кога ќе се одбијат викендите и годишниот одмор. За патувањата во слободно време ќе си плати дополнително.

Тоа понатаму се споредува со годишните цени на вињетките во разни земји во Европа, кои чинат од 4.000 до 10.000 денари за неограничено возење низ целата територија. Заклучокот на коментаторите им е речиси едногласен – ова е грабеж на македонските возачи, анализираше ПРИЗМА.

Една година Тетово – Скопје чини колку 10 години во Бугарија

Пресметките и на твитерџиите и на пратениците се точни. За разлика од пред една деценија, денес за патот меѓу Скопје и Велес треба да се платат 120 денари во правец, односно 240 за одење и враќање. Помножено со сите работни денови во годината, тоа дава сума од речиси 1.000 евра.

Слично е и со другите градови што се блиску до Скопје, од каде што вработени патуваат дневно до главниот град и се враќаат. Возач од Тетово би платил речиси 39.000 денари ако секој работен ден вози автомобил до Скопје и назад, од Гостивар околу 68.000, а од Куманово над 48.000.

ИЗВОРПРИЗМА