Полицијата го фатила во кафеана без сертификат – ќе одговара кривично

0
26

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.С.(32) од с.Копачиндол, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

На 06.12.2021, пријавениот бил затекнат во угостителски објект во с. Копачондол, општина Желино, без сертификат за вакцинација што е спротивно на мерките на Владата на Република Северна Македонија со цел спречување на ширење на Корона вирусот и заштита на јавното здравје, информираа од МВР.