Полицијата уапси 56-годишен битолчанец поради испратено писмо со закани кон Јовески

0
31

Денеска во Битола бил уапсен 56-годишниот С.З. кој е осомничен дека испратил писма со закани кон државниот јавен обвинител Љубомир Јовески и шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска.

Според информаците, лицето ги напишало дома двете писма, а потоа отишло до Прилеп за да ги испрати и на тој начин да ги измами истражителите.

На 20 и 22 декември 2021 година С.З. преку редовна пошта од АД Пошта на Северна Македонија – подружница ЦРПС Прилеп, испратил писма со сериозни закани по животот на јавниот обвинител од ОЈО за ГОКК Вилма Рускоска. Исто така, на 17 јануари 2022 година преку редовна пошта од АД Пошта на Северна Македонија – подружница ЦРПС Битола, пријавениот испратил писмо со сериозни закани по животот на Љубомир Јовески, јавен обвинител на Република Северна Македонија. Како испраќач на сите писма пријавениот навел лица со невистинити генералии“.

Веднаш по добиените пријави, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Битола, во соработка со Агенцијата за национална безбедност преземаа мерки и активности за расчистување на случајот, се наведува во соопштението на МВР.

Полицијата на 21 јануари 2022 година извршила претреси на две локации на подрачјето на Битола и тоа во домот на С.З. и во домот на неговата мајка Љ.З., а при извршените претреси се пронајдени и одземени мобилен телефон, лаптоп компјутер и предмети поврзани со кривичното дело.

Заканувачот е лишен од слобода, а по разговорот со него и по извршеното графолошко вештачење од страна на Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења, утврдено е совпаѓање на обезбедениот рачен ракопис од него и рачниот ракопис во напишаните заканувачки писма. С.З. е приведен и со кривичната пријава ќе биде предаден на надлежното Обвинителство.