Полицијата упадна во угостителскиот објект на Шевељ Муареми, наркобос од Грчец

0
40

Полицајци од Бирото за јавна безбедност и Единицата за брзо распоредување, заедно со УЈП и пазарниот инспекторат, синоќа на полноќ го затвориле угостителскиот објект на наркобосот Шевељ Муареми во Грчец.

Кафеаната не била регистрирана, не биле почитувани мерките за справување со Ковид 19 и е запечатена со издадени глоби.

Имало присуство на тројца малолетници, а кај едно лице е пронајден нож. За сите незаконитости ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од МВР.

Шеваљ Муареми е во бегство, а неговото име е претходно поврзано со пукањето во хотелот Александар Палас.