Почнаа разговорите меѓу Русија и Украина

0
23

Во Белорусија почнаа разговорите меѓу делегации на високо ниво од Русија и Украина. Москва минатата недела почна воени напади врз Украина, а нејзините трупи се позиционирани на периферијата на главниот град Киев.

Почнаа преговорите меѓу Русија и Украина на белоруската граница, објави Ројтерс.

Утрово беше објавена снимка на која два украински хеликоптери пристигнуваат во регионот Гомел, блиску до границата.

Претходно кабинетот на украинскиот претседател соопшти дека целта на Украина за разговорите се итен прекин на огнот и повлекување на руските сили од Украина.

Кабинетот на претседателот на земјата Володимир Зеленски соопшти дека во делегацијата на Киев се министерот за одбрана Алексеј Резников, шефот на владејачката фракција Слуга на народот Давид Арахамиа и заменик-министерот за надворешни работи Николај Точицкиј, како и други.

Прес-секретарот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Москва не го објавила својот став пред разговорите со претставниците на Киев, бидејќи дискусиите „треба да продолжат во тишина“.

Тој, исто така, изрази жалење што важните преговори не почнале еден ден порано, инсистирајќи дека постоела можност.