Прегазен уште еден пешак

0
17

На 15.02.2022 во 10.10 часот во СВР Битола било пријавено дека на бул.„1 Мај“ во Битола, патничко возило „опел астра“, со битолски регистарски ознаки, управувано од И.С.(37) од Битола, удрило во пешакот М.Р.(56) од Битола. М.Р. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Битола.