Приведен 18 годишник од Тетово: Кај него полицијата нашла боксирач, лицето немало ни документи за идентификација

0
40

На 23.02.2022 околу 00.20 часот во централното подрачје на Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 18-годишниот тетовец В.Л., кој не поседувал документи за идентификација и кај кого бил пронајден метален боксирач.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 80 од Законот за оружје