Припадниците на еврејската религиозна група заминуваат од Куманово

0
20

Членовите на израелската религиозна група, кои од четвртокот престојуваат во населбата Зелен Рид во Куманово се подготвуваат да си заминат, дознава Kumanovo.news. Како што пренесува порталот припадниците на израелската религиозна група градот ќе го напуштат во текот на вечерта или најдоцна утре.

Претходно, СВР Куманово информираше дека станува збор за странски државјани, припадници на еврејската верска заедница кои имаат легален престој во Република Македонија и дека ќе престојуваат привремено на територија на земјата.