Ралповски: Минималецот доведува до порамнување на платите во јавниот сектор

0
18

Покачувањето на минималната плата доведува до порамнување на платите во јавниот сектор, алармира во своето вечерашно вклучување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, претседателот на конфедерацијата на слободни синдикати, Благоја Ралповски. Тој воедно апелираше до владата да се почитува членот 8 од законот за минимална плата, со кој се предвидува скалесто зголемување и на останатите плати.

“Владата, како најголем работодавач во јавниот сектор, не постапува по член 8 за усогласувањето на платите. Во членот 8 пишува дека во рок од 6 месеци треба да се усогласат платите. Доаѓаме во страшна ситуација со покачувањето на минималната плата од 18.000 ден.,…се случува страшно порамнување на платите во јавниот сектор. 48% сега ќе земаат иста плата…мора да се најде модел со кој сите плати ќе мора скалесто да се качат“, рече Ралповски.