Рашковски и Вељановски излегуваат од куќен притвор – понудиле гаранции од 200.000 евра

0
31

Поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски, кому се суди за злоупотреба на службата и перење пари, излегува од домашен притвор. Апелациониот суд ја прифатил гаранцијата од скоро 193 илјади евра и го укинал притворот за Рашковски, а како што појаснуваат од Апелација, тој сега имал обврска еднаш неделно да се пријавува во судот и не смее да ја напушта државата. Гаранцијата што ја понудил Рашковски содржела имот во Струмица и стан во Скопје, појаснуваат од скопскиот апелационен суд.

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, велат дека ослободувањето на Рашковски било доказ дека правдата со СДСМ како владејачката партија, било мисловна именка.

„Пиунот Ковачевски, го ослободи миленикот на Зоран Заев. Рашковски, се смее на правдата во лице, наместо во затвор, му се укина и куќниот притвор. Останаа неодговорени прашањата по која линија Александар Пиперевалиев му е братучед и како од Дрисла се исплатени 850 илјади евра за багери? Рашковски е човекот кој го негираше и софтверот што го продаде на МВР, а кој што не одговара на системот на камери“, се вели во ракацијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Судењето за Рашковски треба да почне на крајот на месецов откако минатата недела, стартот на процесот беше одложен поради отсуство на обвинет во предметот. Тој во изјава за медиумите рече дека обвинението против него е монтирано, а парите за кои е гонет биле подароци од гости на роденденски прослави и кршевки за неговите деца.

Апелациониот суд го укина куќниот притвор и за поранешниот собраниски спиикер Трајко Вељановски кој чека правосилна одлука за случајот „27 април“ во кој беше осуден на затвор од шест и пол години. Тој како гаранција дека нема да побегне ја понудил куќата во која живее чија вредност била проценета на 210 илјади евра.