СВР Тетово: Казнети 20 возачи за непропуштање на пешаци

0
20

Денеска (11.02.2022), во периодот од 08.00 до 12.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола за санкцинирање на возачи кои не даваат предност на пешаците во сообраќајот.

При контролата, откриени и санкционирани се вкупно 20 прекршоци (ТЕ-13 и ГВ-7). На сите возачи-прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци. Откриени и санкционирани, исто така, биле и 15 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ).