Син го натепал татка си, приведен е во станица

0
40

Приведен е 21-годишник од гостиварското село Чегране, кој физички го нападнал својот татко.

Oд полицијата информираат дека на нападот претходела расправија.

„На 12.02.2022 во 12.15 часот во с.Чегране, гостиварско, полициски службеници од Полициска станица Чегране го лишиле од слобода С.Д.(21) од с.Чегране, постапувајќи по пријава од Р.Д.(48) од с.Чегране според која околу 11.15 часот, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот син С.Д..“, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.