СЛАВЕСКИ: НАЈМАЛКУ ТРЕБА ДА ШТЕДИМЕ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ, ТРЕБА ДА ИМА ВОНРЕДНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ЗАРАДИ ВИСОКИОТ РАСТ НА ЦЕНИТЕ

0
39

Поранешниот министер за финансии, Трајко Славески смета дека е потребно вонредно зголемување на пензиите.

-Кога имаме расфрлање со пари на сите страни, најмалку треба да штедиме на пензионерите. Ако и другото е одржливо тогаш и ова е одржливо, вели тој во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Според него, секогаш кога имаме просечна пензија која ќе падне под 60% од просечната плата, а таква е сега состојбата, треба да спроведеме зголемување на пензиите и со вонредна мерка.

– Кога станува збор за усогласување на пензиите, на секој 3-4 години се носат одржливи формули кои постојано ги менуваме, а тоа зависи од движењето во економијата. Имавме долг период со нулта стапка на инфлација и тогаш нема со што да усогласувате, немате параметар, единствено беше да се има пораст на платите. Владата на СДСМ пред неколку години го смени моделот, ги исклучи платите и тоа беше во договор со ММФ. Затоа што се смени состојбата, имаме високи стапки на инфлација и нормално се наметнува потребата да се вклучи со извесен пондер и порастот на цените. Ќе има вонредно зголемување на пензиите, заради високиот раст на цените. – рече Славески.