Снегот го забрани сообраќајот за камиони кај Стража и Пресека

0
30

Поради обилни врнежи од снег рано утрово воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

 

Поради врнежи од снег исто така е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар и Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека, јави АМСМ.