Со пиштол му се заканувал на соселанец кој му должел пари, уапсен тетовец

0
19

На 16.02.2022 во 14.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 35-годишниот М.И. од тетовска Голема Речица, затоа што околу 13.00 часот во деловен објект на 62-годишниот А.И. од истото село му барал пари за наводен долг, му се заканувал со огнено оружје, а оштетил и дел од инвентарот во објектот, соопштија од МВР.

Се расчистува и документира случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.