ССМ не отстапува, се бара минимална плата од 18 илјади – утре еден час ќе биде блокиран сообраќајот во Центар

0
30

Сојузот на синдикати на Македонија информира дека утре во период од 13 до 14 часот ќе го сопрат сообраќајот на улицата Димитрие Чуповски, каде што се наоѓа Организацијата на работодавачи и Стопанската комора.

Ваквата одлука е со цел да ја искажат својата сериозна намера дека не отстапуваат од барањето минималната плата да е 18 илјади денари.

Исто така, се бара и скалесто зголемување на останатите плати на работниците.