Уапсен дилер од тетовско Шемшово за доиздржување на затворска казна

0
40

Вчера (22.02.2022) околу 11.20 часот во тетовско Непроштено, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 35-годишниот А.А. од тетовско Шемшово за доиздржување на затворска казна од 14 месеци, инаку осуден за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

По приведувањето, А.А. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје