УКЛО од Битола и УЈУЕ од Тетово потпишаа нов договор за соработка

0
22

На работниот состанок помеѓу ректорот на Универзитетот “Св Климент Охридски“ од Битола проф. д-р Сашо Коруновски и ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа академик Абдулменаф Беџети во Тетово беше потпишан Договор за меѓусебна соработка.

На средбата, двајцата ректори разменија идеи за меѓуинституционалната соработка помеѓу двете високообразовни институции и модалитетите за нивна реализација, што се рефлектираат во содржината на Договорот.

Ректорите, исто така ги споделија своите очекувања дека заедничките активности што ќе произлезат од овој Договор ќе придонесат за подобрување на квалитетот на наставниот и научно-истражувачкиот процес на двете институции.

Bitola News