Ја нападнал тинејџерката со која порано бил во врска, приведен 20-годишник

0
20

На 11.02.2022 во 19:30 часот во с.Чајле од полициски службеници од Полициско одделение Чегране лишен од слобода е В.Ј.(20) од с.Чајле, бидејќи физички нападнал 18-годишна жителка на гостиварско село.

Со девојката која ја нападнал порано биле во љубовна врска.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.