36 лица починаа како последица на ковид-19

epa08920772 A healthcare worker with vial of the Pfizer-BioNTech vaccine at the Villa Scassi Hospital in Genoa, Italy, 05 January 2021. A second batch of 470,000 doses of the Pfizer-BioNTech COVID-19 vaccine reportedly has arrived in Italy and more than 100,000 people have been vaccinated with it so far in Italy. EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.702 тестови, а регистриран е 1.091 нов случај на КОВИД-19:
Скопје – 586, Битола – 58, Куманово – 52, Тетово – 44, Кавадарци и Велес – по 39, Прилеп и Струмица – по 29, Кичево – 23, Штип и Неготино – по 22, Гостивар и Охрид – по 20, Кочани – 16, Гевгелија и Ресен – по 13, Струга – 11, Свети Николе – 9, Дебар – 8, Радовиш, Крива Паланка , Берово и Пехчево – по 5, Богданци – 4, Демир Хисар и Демир Капија – по 3, Делчево, Валандово и Македонски Брод – по 2, Виница и Кратово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.091), регистрирани се 156 реинфекции.

Регистрирани сe 2.322 оздравени пациенти од: Скопје – 1.356, Битола – 113, Охрид – 104, Прилеп – 95, Кавадарци – 90, Тетово – 87, Гостивар – 53,  Куманово – 46, Кичево – 41, Велес – 39, Струмица – 33, Гевгелија – 30, Неготино – 29, Штип – 28, Струга – 23, Свети Николе и Делчево – по 19, Радовиш – 17, Берово – 14, Виница – 13, Ресен – 10, Крива Паланка и Валандово – по 9, Богданци и Македонски Брод – по 7, Крушево – 6, Кочани – 5, Дебар, Пробиштип и Македонска Каменица – по 4, Дојран – 3, Демир Хисар и Демир Капија – по  2, Пехчево – 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 23 починати лица: 13 починати лица од Скопје (69г, 69г,72г, 74г, 78г, 78г, 78г, 82г, 83г, 84г, 85г, 87г и 90г), 3 починати лица од Велес (53г, 78г и 82г), по две починати лица од Струга (52г и 62г) и Тетово (69г и 70г) и по едно од Гевгелија (44г), Кратово (64г) и Свети Николе (76г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 13 починати лица од: Скопје (4), Гевгелија (2), Битола (1), Кочани (1), Штип (1), Струмица (1), Гостивар (1), Кичево (1) и Куманово (1). Починатите лица се на возраст од 61 – 90г. Лицата за починати се пријавени во период од 01.02. до 04.02.2022. Од починатите лица,  10 се починати во домашни услови, а 3 лица во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица (36), кај 32 лица се регистрирани коморбидитети.

Направени се 3.702 тестови преку: ИЈЗ-596, ЦЈЗ Скопје-103, ЦЈЗ Битола-97, ЦЈЗ Прилеп-41, ЦЈЗ Тетово–6, ЦЈЗ Куманово-100, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–175, Жан Митрев (Филип Втори)-92, Авицена-154, Биотек-158, Систина-91, лабораторија Лаор-84, Синлаб-23, Ремедика-14, Плодност-42, Генеа-11, Никоб Лаб-341, ВФВ Медикал-76, Ели Медика-33, Ројал Медика–20, Спектра-ММ-19, Рапид Лаб–28, Жан Митрев Струмица–9, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-21, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.363.

Досега во земјата се направени вкупно 1.855.720 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 289.797, бројот на оздравени пациенти е 272.184, на починати е 8.829, а бројот на активни случаи изнесува 8.784.