50-годишен маж во алкохолизирана состојба викал и се заканувал во автобус на ЈСП

На 04.02.2022 во 20.05 час. на ул. ,,Филип Втори Македонски“ во Скопје во автобус на ЈСП С.Т (50) од Ресен, кој бил во алкохолизирана состојба, го нарушил јавниот ред и мир со викање и закани.

С.Т. е приведен од страна на полициски службеници и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.