Украина: Од почетокот на инвазијата руските сили изгубија 2.800 војници

0
22

Украинските вооружени сили соопштија дека ѝ нанеле тешки загуби на Русија, а министерството тврди дека руските сили „изгубиле” 2.800 војници.

Украинското министерство за одбрана соопшти дека Русите „изгубиле“ 2.800 војници. Не е јасно дали војниците се убиени, ранети или заробени.

Министерството проценува дека се уништени до 80 тенкови, повеќе од 516 други воени возила, 10 авиони и 7 хеликоптери. Вкупниот број на загинати војници и цивили е невозможно да се потврди, а страните даваат спротивставени информации, пренесе Ројтерс.

Русија тврди дека не претрпела значителни загуби. Претходно Украина соопшти дека биле убиени повеќе од 1.000 руски војници.

Во најновото соопштение украинското министерство за одбрана порача: „Силни сме! Победата ќе биде наша!“