Велосипедската патека во Тетово „вози“ кон Обвинителството

Општина Тетово до Основното обвинителство во Тетово ги достави предметите за кои се сомневаат дека биле злоупотребени пари од претходниот состав на локалната власт. Од тетовското Обвинителство не соопштуваат детали. Првиот предмет e познатата велосипедска патека, како и договорите за околу 800 лица кои земале хонорари од општината. Првиот човек на локалниот Совет, Бесар Дурмиши, најави дека се водат повеќе истраги и за асфалтирање на улици.

 

 

„Правниот сектор ги испрати сите тужби против поранешниот градоначалник и ги достави случаите до обвинителството. И другите истраги продолжуваат. Улиците или проектите кои се отворени, направивме група експерти кои истражуваат дали реализациите се исти со договорите на терен“, изјави Бесар Дурмиши, претседател на Советот на општина Тетово.

Од општина Тетово велат дека во тек се истраги и за долгот што го создале јавните претпријатија во Тетово, но и училиштата. Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, пред неколку недели рече дека паралелно со истрагата како настанал јавниот долг, се работи и на негово намалување.

Алсатм