ВИДЕО) Украински медиуми: Руси удриле во фабрика за авиони, на 11 километри од центарот на Киев

Утрово дошло до дополнително засилување на нападот во главниот град на Украина Киев, објави Телма

Локалните власти велат дека фабриката за сериско производство на Антонов била погодена од руски гранати. Според Гардијан, не се знае колкава штета е направена. Градската управа на Киев исто така објави дека е погодена фабриката за авиони.

Местото, познато и како Гостомел, се наоѓа на околу 11 километри северозападно од центарот на Киев и е најважниот меѓународен карго аеродром во земјата, како и клучна воена воздухопловна база. Серија видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат густ облак чад кој се издига над аеродромот.

Малку по пет часот погоден е станбен блок во областа Оболон во Киев. Според првите информации две лица загинале, а тројца се повредени.

 

Локалните медиуми јавуваат дека била погодена ТВ кула кај Ривне во западна Украина. Засега не се знае што ќе прави по заминувањето од функцијата.

https://twitter.com/i/status/1503267924341104640