Владата го разреши Ване Цветанов по информациите за ангажирањето на сопствената сопруга

Владата на денешната седница го разреши Ване Цветанов од раководната позиција во Советот за унапредување и надзор на ревизијата.

Разрешувањето доаѓа брзо по информациите во јавноста дека Цветанов, како Претседател на оваа државната институција, ја ангажирал сопствената жена, Дунавка Трифуновска да му помага во работењето.