Вучиќ му одговори на Харадинај: „Тој да не нè бомбардира?“

Претседателот на Србија Александар Вучиќ одговори на изјавата на Рамуш Харадинај кој кажа дека Белград ќе биде бомбардиран ако само еден српски војник влезе на Косово.

Вучиќ прво праша кој тоа ќе го бомбардира Белград, да не го бомбардира лично Харадинај.

„Сега сериозно. Немам коментар на бесмислици и глупости. По тоа се гледа што тие сакаат. Србија ќе ги зачува мирот и стабилноста, тоа е за нас најважно. Нашата сила е и нашата војска, а таа ќе биде сè посилна“, истакна српскиот претседател.