Гир не поддржува споредба меѓу односите Русија-Украина и Бугарија-Македoнија

Новата геополитичка ситуација ја зајакнува потребата од влез на Македонија во ЕУ, но реформите и дијалогот со Бугарија се уште остануваат главен услов, порачаа амбасадорите на ЕУ и на Франција во земјава.

Отсекогаш сме биле свесни за стратешкиот интерес на Западниот Балкан, а руската инвазија во Украина само ја зголеми свеста за значењето на регионот, велат амбасадорите.

-“Мислам дека приоритетот објективно не е во Украина, туку во овој регион и уште повеќе во оваа земја и во Албанија. Во тој поглед имаме процес кој е во тек. Ние сме истакнувале дека постои стратешко значење на тој процес заради регионалната стабилност”.

Во однос на некои тврдења дека односот на Русија кон Украина е сличен како оној на Бугарија кон Македонија, евроамбасадорот Гир дециден дека тоа се две крајно различни ситуации.

“Навистина сакам да го отфрлам оваа паралела целосно. Во Украина гледаме градови што се бомбардираат од страна на руската армија, имаме лидер кој вели Украина не е држава. Имаме воена агресија од страна на Русија врз суверена држава чиј територијален интегритет е ставен под прашалник”

Европа и светот е обединет како никогаш досега, рекоа Гир и Бомгартнер, кои најостро ја осудија руската инвазија.

Се осврнаа на санкциите од меѓународната заедница, кои, како што велат, имаат една цел – целосна изолација на Русија и нејзино повлекување од Украина, а најавија и помош за украинската економија од над милијарда евра.