Ердоган најави дека е можно да ја користат рубљата во трговија со Русија

Турција би можела да ја користи руската валута рубљата во трговијата со Русија, јави турската телевизија А хабер, цитирајќи го турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој ќе даде инструкции 30 брода со сончогледово масло кои во моментов се наоѓаат во Азовското Море да тргнат кон Турција, пренесува А хабер.

„Анкара и Москва може да користат „долар, евро, рубља, злато и јуан во трговијата“, изјавил Ердоган во телефонскиот разговор со рускиот колега Владимир Путин.

Русија е еден од главните трговски партнери на Турција.

Рубљата падна на рекордно ниско ниво. Еден долар се тргува за 155 рубљи.