Зеленски го нападна НАТО: Луѓе ќе умираат заради вас!

Во петокот, НАТО одби да воспостави зона на забранети летови над Украина, и покрај повеќекратните барања на Киев за такво нешто. Западните сојузници сепак го предупредија рускиот претседател Владимир Путин од нови санкции доколку не ја сопре војната.

„Знаејќи дека нови напади и жртви се неизбежни, НАТО свесно одлучи да не го затвори небото над Украина“, порача Зеленски во петокот во драматична изјава.

„Веруваме дека самите НАТО членки креираа наратив според кој затворањето на небото над Украина ќе испровоцира руска агресија врз НАТО“.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбер изјави дека алијансата нема да интервенира во конфликтот затоа што стравува од директен судир со Москва кој би можел да прерасне во поширок конфликт.