Зеленски до Путин: Седни до мене и да разговареме

Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска го повика рускиот претседател Владимир Путин на разговори, истакнувајќи оти тоа е „единствен начин да се запре оваа војна“.

СЕДНИ СО МЕНЕ, САМО НЕ НА 30 МЕТРИ КАКО ШТО СЕДЕШЕ СО ФРАНЦУСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ МАКРОН, РЕЧЕ ЗЕЛЕНСКИ ВО НОВОТО ВИДЕО ОБРАЌАЊЕ.

НИЕ НЕ ЈА НАПАЃАМЕ РУСИЈА И НЕ ПЛАНИРАМЕ ДА ЈА НАПАДНЕМЕ. ШТО САКАТЕ ОД НАС? НАПУШТЕТЕ ЈА НАШАТА ЗЕМЈА, ИСТАКНА ЗЕЛЕНСКИ.

Тој од западните земји побара да ја зголемат воената помош за Украина.

– Ако немате моќ да го затворите небото, тогаш дадете ни авиони, посочи Зеленски.

Тој предупреди дека „ Ако падне Украина, следни би можеле да бидат Летонија, Литванија, Естонија“.