Лебот најверојатно ќе остане со иста цена 25 денари

Лебот најверојатно ќе остане со иста цена, од 25 денари, најави и министерот за економија Крешник Бектеши. Во интервју за Телма, Бектеши вели дека владата има информација и потврда од големите маркети  дека ќе има намалување на маржата на лебот која сега е наведена. Но точната цена ќе ја кажат во текот на утрешниот ден.

На денешните преговори со трговците Бектеши најави дека маржите ќе се намалуваат и ревидираат одредени производи. Иако не откриваат за колку, Бектеши вели дека ќе се намалат и претходно утврдените маржи од 5% на големо и 10% на мало.