Лондон: Руските сили запрени на сите фронтови

Руската инвазија на Украина е главно запрена на сите фронтови, соопшти денеска британското Министерство за одбрана, повикувајќи се на најнови разузнавачки информации.

Во соопштението се наведува дека руските сили, изминатите денови, претрпеле големи загуби и оствариле минимален напредок на копно, море или на воздух, јавија британски медиуми.

„Украинскиот отпор останува силен и добро координиран. Голем дел од украинската територија, вклучувајќи ги сите поголеми градови, останува во рацете на Украина“, се додава во соопштението на британското Министерство