Лукаревска: Започнати се постапки за присилна наплата на компаниите кои не исплатиле плати за јануари

„За јануари 4968 работодавачи поднеле месечни пресметки за интегрирана наплата, но не исплатиле плата на 12827 вработени. Доставени се опомени, а следува процесот на блокирање на сметките и присилна наплата“ рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска во „Топ тема“ на Телма.

Таа додаде дека 5029 работодавачи воопшто и не поднеле месечни пресметки за интегрирана наплата за плати за 7811 вработени, за што исто така е започната постпка за присилна наплата.

Како што кажа Лукаревска, за исплаќањето на минималната плата контролата ја спроведува Државниот инспекторат за труд, кои доколку утврдат неправилности, УЈП е подготвена да интервенира и постапува.

Во врска со компаниите кои ги злоупотребуваат државните субвенции, директорката на УЈП кажа дека се прават проверки за тоа и дека веќе се поднесени пријави за одредени компании до Основното јавно обвинителство.