„Народни песни од Тетово” од 1972 година и во дигитална верзија

Книгата „Народни песни од Тетово” доби дигитална верзија во рамки проектот „Дигитализација на тетовското наследство” на хроничарот Дарко Гавровски неговата интернет страница „Го Љубим Тетоо” и Културно уметничкото друштво „ Иљо Антески-Смок

Оваа книга со 33 староградски тетовски песни е издадена 1972 година по повод 50 години од формирањето на КУД „Иљо Антески-Смок”, а издавањето на дигитална верзија е дел од стогодишниот јубилеј на друштвото што годинава треба да се одбележи.

-Оваа песнарка овде сега ја правиме достапна за сите сегашни и идни пеачи, групи, хорови, но и сите тетовчани за пеење со мерак со друштво на слави, ѓезмиња и теферичи, вели Дарко Гавровски.

Во 1972 година книгата е создадена од Андро Апостолски кој направил мелографирање на песните, додека средување на песните и подготовка за печат писателот Јован Дамјановски. Илустрацииите се на уметничкиот сликар Павле Кузмановски, а предговорот тогаш го напишал Тодор Скаловски.

-Идејата потекнува од Дамјановски и Апостолски, тогашни членови на хорот при КУД „Иљо Антески Смок” кои за таа намена најпрвин ја снимале изведбата на секоја од овие песни од старата градска песнопојка Трајанка Симова (почината 1978) од населбата Дол, изјави Дарко Гавровски.

Јубилејот 100 години постоење, наследство, традиција, култура и уметност на КУД „Иљо Антески Смок и VII – Меѓународна културна манифестација „Денови на Иљо – 2022″ ќе се одржи од 12 до 24 мај годинава.

МИА