Обвинение за тешка телесна повреда по расправија за паркинг место во Гостивар

Основното јавно обвинителство – Гостивар поднесе обвинителен предлог против 35-годишен жител од село Беловиште, обвинет за кривично дело „тешка телесна повреда“ од член 131 став 1 од Кривичниот законик. Од Обвинителството информираат дека на 7 август 2021 година, по претходна вербална расправија за паркинг место во Гостивар, обвинетиот започнал физичка пресметка со едно оштетено лице од село Србиново, при тоа удирајќи го по телото и главата и нанесувајќи му тешка телесна повреда – скршеница.​​