ОД ПОЛНОЌ ПОЕВТИНУВААТ БЕНЗИНИТЕ И ДИЗЕЛОТ

Почна примената на антикризните владини мерки – од полноќ граѓаните ќе точат поевтини горива, и тоа цената на бензинот се намалува за 6,5, а на дизелот за 9 денари.

Цени РКЕ

„ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 86,50 денари

ЕУРОСУПЕР БС-98 за 88,50 денари,

ЕУРОДИЗЕЛ за 88,00,

а Екстра лесното масло за домаќинство за 83,50 денари.“

Ваква одлука донесе регулаторот откако вчера пред полноќ беше усвоен пакетот антикризни мерки за намалување на дддв и акцизата .

„Во примена, е намалувањето на стапката на ДДВ од 18 на 10 проценти при увоз и промет на енергенси, што се однесува на бензин, дизел, екстра лесно, ТНГ и метан. Извршено е намалување и на акцизите врз основа на средната берзанска цена за бензин, дизел, гасното масло и екстра лесното за греење. Намалувањето ќе изнесува 1,2 или 4 денари во зависност од средната берзанска цена утврдена од Регулаторната комисија за енергетика. Мерката ќе се применува од денеска до крајот на мај и утврдувањето на акцизата ќе се врши два пати месечно – на 1 и 15-ти.“ – изјави Славица Кутиров директорка на царина.

Во делот на енергенсите на сила до крајот на годината останува и претходно денесената мерка за намалено ДДВ на струја за домаќинствата до 5 проценти. Веќе се прави новата методолоогија з апремсетка на цената на струјата од јули  – крајната цел е заштеда на електрична енергија. Засега е непознато како ќе се класифицираат блок тарифите со кои ќе опфатени домаќанствата.

„Со цел подобрување на пазарот со електрича енергија а и подобрување на енергетката ефикасност, кои мерки се очекува дека ќе влијаат и врз подобрување на штедењето односно потрошувачкта на струја, а ќе делува таргетирано и на категории со пониски приходи.“ –  изјави Фатмир Бесими министер за финансии.