Песков: Русија е подготвена да ги продолжи преговорите вечерва

Руската делегација ќе пристигне во попладневните часови на местото каде што треба да се одржи нова рунда преговори со претставниците на Украина и ќе биде подготвена да ги продолжи разговорите вечерва, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков одби да прецизира на која локација ќе се одржи состанокот, пренесува ТАС С.

„Нашата делегација ќе биде таму доцна попладне. Ќе ги чекаат украинските преговарачи. Нашата делегација ќе биде подготвена да го продолжи разговорот вечерва“, рече Песков.