Повеќемина малолетници се степале пред угостителски објект во Тетово

На 26.03.2022 во 01.00 часот во СВР Тетово, двајца малолетници од Тетово пријавиле дека околу 23.00 часот на 25.03.2022 пред угостителски објект во Тетово биле физички нападнати од неколку малолетници од кои еден го познавале. Според пријавеното, дел од лицата употребиле и тврди предмети, соопштија од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.