Пописот низ етничка призма: Во земјава живеат 58,44% Македонци, 24,3% Албанци, 7,2% „непрашани“, 3,8% Турци…

Процентот на лица за кои податоците се преземени од административните извори од вкупно попишаното население изнесува 6,31 отсто, а од резидентното население 7,2 проценти

 

Вкупно се попишани 2 097 319 лица. Резидентно население брои 1 836 713, а вкупно нерезидентно население 260 606 лица. Лицата за кои податоците се преземени од административни извори изнесува 132 260 лица.

Ова се дел резултатите за пописот објавени од Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во однос на етничката припадност резултатите покажуваат дека од вкупно попишаното население:

  • 54,21 Македонци
  • 29,52 Албанци
  • 6,31 лица за кои податоците се преземени од административните извори (не се прашани за етничката припадност)
  • 3,98 Турци
  • 2,24 Роми
  • 1,18 Срби
  • 0,87 Бошњаци
  • 0,44 Власи

 

Од вкупното резидентно население:

  • 58,44 Македонци
  • 24,3 Албанци
  • 7,2 лица за кои податоците се преземени од административните извори (не се прашани за етничката припадност)
  • 3,86 Турци
  • 2,53 Роми
  • 0,47 Власи
  • 1,3 Срби
  • 0,87 Бошњаци

 

Од вкупното нерезидентното население во кое спаѓаат државјаните на РСМ отсутни во странство повеќе од 12 месеци и странците времено присутни помалку од 12 месеци:

  • 24,45 Македонци
  • 66,36 Албанци
  • 4,79 Турци
  • 1,02 Роми
  • 0,19 Власи
  • 0,35 Срби
  • 0,81 Бошњаци

Бројот на странци времено присутни во РСМ помалку од 12 месеци изнесува 1 674 лица.