Русија: Елиминирано странско оружје и 180 платеници на 10 километри од Полска

Руската армија тврди дека во денешниот напад на воениот полигон Јаворив на 25 километри од границата со Полска убиени се странски платеници и уништено е оружје од странство.

– Како последица на тој напад елиминирани се до 180 странски платеници и уништено е големо количество странско оружје, изјави руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.

Претходно единствено од украинска страна се знаеше дела најмалку 35 лица загинаа, а 134 се ранети во нападот на руските сили врз воениот комплекс во близина на Лавов во западна Украина.

Нападнатиот Центар за воена обука се наоѓа на околу 50 километри југозападно од Лавов. Во последните години служел како полигон за обука на украинските сили под надзор на странски инструктори, претежно американски и канадски. Во објектот работеле и странски воени инструктори, но не е јасно дали некој од нив бил во базата кога се случил нападот.

Гувернерот на регионалните воени власти Максим Козицки рече дека руските сили истрелале повеќе од 30 крстаречки ракети кон воениот полигон Јаворив.