Србија, нападнат македонски автобус

Во Србија каменуван автобус со македонски регистарски таблички. Редовниот автобус Македонија-Словенија бил каменуван од страна, а сторителите не се познати. Освен помали штети, нема повредени патници. Возачите велат дека вакви инциденти често се случуваат во Србија, каде што се оштетуваат транзитни возила со странски регистарски таблички. Случајот не бил пријавен во српската полиција, туку во полицијата на Северна Македонија, која одговорила дека тоа не е нивна работа.

„Околу 19 часот, приближно во Врање, некои деца фрлале со камења, но не е како што се вели дека пукале, дека има повредени или има нешто трагично како што беше првично објавено. Случајот во Србија не е пријавен, бидејќи нема ништо, но јас пријавив во македонската полиција на 112, ми рекоа дека тоа не е наша работа“, изјави Газменд Скара, сопственик на автобусот. /Алсат.мк