Ублажување на анти-ковид мерките, основците без маски во училница, кафе на тераса без сертификат

Учениците од основните училишта веќе нема да мора да носат маски за време на настава, меѓутоа ова нема да важи и за наставниците и техничкиот кадар. Ваква препорака даде Комисијата за заразни болести, која меѓу другото предлага и други олеснувања на мерки, односно да се укине мерката за приложување сертификат за вакцинација во отворениот дел од угостителските објекти, како и капацитетот на исполнетост во затворени објекти како опера, театар и кина, од 50 да се зголеми на 75%.

„Ваквото ублажување на мерки е резултат на „смирената “ состојба со коронавирус, но истите можат повторно да се вратат доколку дојде до влошување на епидемиолошката состојба, рече др.Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата“, вели Петличковски од комисијата за заразни болести.

Мерките треба да ги разгледа Главниот кризен штаб, а потоа се очекува и зелено светло од Владата. Од КЗБ ги повикуваат граѓаните да продолжат да се вакцинираат, бидејќи како што нагласуваат, пандемијата сѐ уште не завршила.