ВИДЕО: „Земјо македонска“ ечи за Македонија, навивачите не се штедат

0
22

Македонската навивачка група полека се собира во Порто, каде Македонија ќе се надигрува со Португалија, во обид да стигне до историски пласман на Светското првенство во Катар.

Македонски песни, знамиња и други реквизити се дел од атмосферата низ улиците во Порто.

Најавена е пеколна атмосфера на „Драгао“, која ќе трае цели деведесет минути. Македонските навивачи се надеваат дека тие ќе слават на крајот од натпреварот, како што беше случајот пред пет дена во Палермо.